Играчите на Наполи има за што да жалат: Со поразот од Барселона испуштија 10 милиони евра!

Барселона со 3:1 го победи Наполи и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Гостите од Италија не само што не поминаа во следната фаза од елитното натпреварување, туку останаа и без шанса да се борат за место на Светското клупско првенство кое ќе се игра на крајот од годинава.

Пред мечот во Барселона, првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис ги мотивирал фудбалерите дека ако победат, ќе добијат премија вредна над 10 милиони евра. На крајот, Наполи не успеа, Барселона оди понатаму, а понудата на Де Лаурентис останува нереализирана поради поразот на „Монжуик“.

https://twitter.com/i/status/1767642577728159916

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести