Играчите на Ница се вистински пример зошто треба темпераментот да биде скротен цело време (видео)

Ница се мачи на стартот од сезоната во Лига 1, по три кола бележи само два освоени бода, а претходно денес го претрпи и првиот пораз и тоа со минимални 1-0 на гостувањето кај Клермон.

Поразот беше неминовен откако гостите ги одиграа последните десетина минути со само девет фудбалери на теренот, по двете исклучувања на Лемина и Тодибо во период од 120 секунди.

Прво играчот за врска грубо стартуваше врз противнички играч, по што Лемина доби директен црвен картон во 80-тата минута. Отприлика на истиот дел од теренот, неполни две минути подоцна, Тодибо неконтролирано реагираше не прифаќајќи ја одлуката на арбитарот, ја зеде топката и нервозно ја фрли, по што доби втор жолт картон па и тој замина на рано туширање. Сето ова се случуваше при водство на Клермон, до кое дојде уште во шестата минута преку Кајуи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести