Натпреварите во пикадо секогаш се интересни за следење поради атмосферата која ја има на трибините, а она што се случи синоќа, ќе се раскажува уште долго.
Нејтан Аспинал престана да игра кога виде дека публиката бурно навива за нешто што се случува на трибините во „Александра Палас“ во Лондон и заинтересирано се сврте да види што се случува.
Не сакаше да игра за да не го деконцентрира навивачот облечен како хот-дог кој почна на екс да пие огромен бокал со пиво. Откако го испи, мечот продолжи, сите беа среќни, но пијаниот навивач беше исфрлен од салата.
„Обично се пие по половина литар, но овој тип имаше бокал од ми се чини 4 литри пиво. Бев заинтригиран дали ќе успее да ги испие. Успеа, секоја чест, а потоа го исфрлија“, изјави Аспинал.
The darts comes to a standstill as everyone watches a fan down his jug of beer
— Daniel Hussey (@DanielHussey2) December 28, 2024