Играчите на Рајо туркаа автомобили на снежниот автопат за да стигнат за мечот против Мирандес (видео)

Фудбалерите на Рајо Валјекани, чии член е Столе Димитриевски, вчера се најдоа во вистински снежен предизвик. Тие туркаа автомобили кои поради снегот беа оневозможени да се движат на замрзнатиот автопат на излезот од Мадрид.

Тимот на Рајо беше упатен кон Миранда во пресрет на мечот против Мирандес кој беше закажан за денес, но поради временските услови истиот се одложи, како и неколку други натпревари во Шпанија.

https://twitter.com/RayoVallecano/status/1347638563089879040

- Оглас -

Најнови вести