26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Играчите на Реал Мадрид како вистински кралеви дочекани во Овиедо (Видео)

Реал Мадрид вечерва гостува во Овиедо во рамките од второто коло во шпанското првенство. Овиедо е клуб кој по подолго време се враќа во елитното шпанско фудбалско друштво, а ја имаа таа чест, првиот меч на домашен терен да го играат против најтрофејниот шпански клуб.

Играчите на Реал Мадрид имаа вистински кралски пречек во Овиедо. Стотоци навивачи ги дочекаа гостите. Многу навивачи имаа среќа дури и да се фотографираат или да добијат автограм од некоја од големите ѕвезди на Реал Мадрид.

Едноставно и играчите на Реал покажаа почит кон големиот број навивачи што дојдоа да ги пречекаат и поздрават.

Интересно е дека Овиедо по добро го памти Реал, затоа што Кралскиот клуб во 2012 година помогна овој клуб да не згасне. Кога му беше потребна финансиска поткрепа на Овиедо, од Реал Мадрид купија акции во вредност од 100.000 евра, а потоа ги дадоа на управата на клубот.

Реал Мадрид денеска во Овиедо е дојден по победа и освојување на три бода.

- Оглас -

Најнови вести