2.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Играчите на Реал Мадрид подготвуваат „освета“ за фановите кои им свират на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид во само неколку дена остана без два трофеи. Најпрво загуби во финалето на Суперкупот од Барселона со 3:2, а потоа неочекувано беше елиминиран и од Купот на Шпанија, откако со 3:2 загуби од второлигашот Албасете.

Овие порази многу ги налутија фановите на Реал кои „на нож“ ги дочекаа своите миленици на вчерашниот дуел против Леванте. Многу навивачи на „Сантијаго Бернабеу“ жестоко реагираа и со свирежи ги „наградија“ своите миленици и тоа секако е поради двата порази во Суперкупот и Купот.

Посебно на мета беше Винисиус јуниор, но и другите не беа поштедени. Како што наведуваат шпанските медиуми, по завршувањето на мечот, атмосферата во соблекувалната на Реал била ужасна, иако тимот победи со 2:0. Фудбалерите биле шокирани зошто навивачите толку ги исвиркувале во текот на мечот, па решиле да го „возвратат ударот“.

Како што пренесува шпански „КОПЕ“, фудбалерите на Реал решиле да испратат порака до нивните навивачи која гласи: „Ако ни аплаудирате кога победуваме, а ве нема никаде кога губиме, тогаш никогаш не сте ни биле еден од нас“.

- Оглас -

Најнови вести