5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Зошто играчите на Реал тренираа со маски на лицето кои чинат 30.000 евра? (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид имаа еден необичен тренинг откако беа забележани со сини маски за кислород на главата. Многумина се чудеа што е поентата на тие маски, а идејата за ваков тренинг е на Антонио Пинтус, раководителот на физичкиот тренинг одговорен за физичката подготвеност на играчите на мадридскиот клуб.

Опремата се носи за време на тестовите за стрес, а самиот Пинтус за телевизијата на Реал Мадрид објасни дека маските се „дизајнирани да ги одредат аеробните и анаеробните прагови на играчите, како и нивната моментална подготвеност“.

Маските, наречени Cosmed K5, му овозможуваат на тренерскиот персонал прецизно да ги измери нивните нивоа на VO2 max или максималната брзина со која телото може да апсорбира и да користи кислород за време на вежбање со висок интензитет.

Спортскиот физиотерапевт Бен Ворбуртон ги објасни придобивките од ваквиот вид тренинг. „Клубот се здоби со високотехнолошка опрема што ја користи на тренинзите. Тоа им користи на тренерите бидејќи можат да ги тестираат играчите и да го прават тренингот во исто време. Ако сите играчи требаше да ги прават тестовите на лента за трчање или велосипед, тоа би одзело многу време. Би ја изгубиле целата тренинг-сесија, а лентата за трчање е потврда површина, различна од теренот за трчање. Во суштина, клубот заштедува време со тоа што извршува две задачи истовремено“, објасни спортскиот физиотерапевт Ворбуртон.

Според пишувањата, еден комплет на ваква маска чини дури 30.000 евра, а некои од маските се изнајмени. Пинтус овој метод на тренинг во Реал го има воведено од 2016 година, кога му се приклучи на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести