Играчите на Рома заедно со тренерот Пауло Фонсека прифатија да им се скратат платите и до четири месеци, со цел да се заштитат вработените во клубот кои се не во можност да си ги извршуваат обврските поради пандемијата со корона-вирусот.
Тие нема да дозволат да има отпуштања за време на вонредната состојба, па така платите од овој месец па сè до јули ќе им бидат намалени,. Доколку се најде решение и Серија А ја доигра сезоната, на играчите ќе им биде вратен скратениот дел од два и пол месеци, а сумата ќе се издвои и буџетот за новата сезона.
Рома инаку е еден од најактивните клубови во Италија во борбата против вирусот Ковид-19. Со помош на неколку фондови тие помогаат на најпогодените жители, додека донираа доста средства за да се обезбеди опрема за медицинските центри. Потег за почит исто така е одлуката на одборот на директори заедно со врвот на раководството кои се откажаа од мартовксата плата како дополнителна помош.