Актуелниот победник во Лигата на Европа, екипата на Севиља, денеска е домаќин на тимот на Лас Палмас, во меч од петото коло на шпанското првенство, а малку фалеше дуелот да не се одигра. Гостинскиот тим се соочи со бизарна ситуација, кога дури 15 фудбалери се изгубија на аеродромот на пат за Севиља.
Фудбалерите седеле во кафетерија на аеродромот, кога требало да влезат во авионот, не можеле да го најдат вистинскиот терминал, па на крајот го пропуштиле летото за Севиља. Од Лас Палмас брзо реагирале и ангажирале чартер лет па сите 15 фудбалери кои го пропуштија вистинскиот лет, на крајот успеаа да стигнат во Севиља. Мечот се игра од 18:30 часот.
Лас Палмас е тим од Канарските острови кое е најјужно место во Шпанија и на сите гостувања мора да одат со авион. Островот е само на 100 километри од брегот на Африка, а дури 1.600 километри од шпанскиот брег.
Севиља очајно стартуваше во новото првенство и ги загуби првите три меча и е единствен тим без ниту еден бод сезонава. Лас Палмас е противник како порачан за прва победа, затоа што и гостите се со слаб старт и имаат само два бода по првите четири средби.