Во петнаесеттото коло на Спортска прогноза нема да има добитници на главната премија бидејќи двајца прогнозери погодија шест од вчерашните седум меча, но во игра се за ваучер од 1.000 или од 500 денари доколку ги погодат сите шест денешни меча, или евентуално промашат само уште еден.
Денеска ќе се играат шест натпревари, а предлот предлог замислениот има одлична квота од 193.
Астон вила која игра одлично сезонава му гостува на Евертон и прогнозерите и даваат 58 отсто шанси да победи. И Олимпик Лион како гостин има голема доверба кај прогнозерите, дури 83 отсто сметаат дека ќе ги освои бодовите против Ле Авр.
Голема е довербата и во Милан кој на „Сан Сиро“ ја пречекува Рома. Дури 75 отсто од прогнозерите сметаат дека Росонерите ќе слават против Римската волчица. Во Премиер лигата исто така се игра дерби во кое домаќинот се очекува да победи.
Во победа на Манчестер јунајтед над Тотенхем се надеваат 52 отсто. Повлиску до победата се и Болоња и Мец во дуелите со Калјари и Тулуз.
Замислениот тикет според прогнозите би изгледал вака:
1003 Евертон – Астон вила 2 2.45
1707 Мец – Тулуз 1 2.85
3006 Калјари – Болоња 2 2.50
1708 Ле Авр – Олимпик Лион 2 2.40
1004 Манчестер јун. – Тотенхем 1 2.18
3008 Милан – Рома 1 2.12
Вкупен коефициент: 193.62