Типувањето за 10-тото коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, заврши вчера, но тоа не значи дека не треба да си ја пробате среќата со преостанатите шест натпревари кои се играат денес.
Повеќе од 1.500 типувачи учествуваа во креирањето на предлог замислениот тикет кој има одлична квота од 132. Играчите на Спортската прогноза се одлучија предност да им дадат на екипите на Бенфика, Севиља, Лацио, Ајнтрахт и Нант, додека на натпреварот помеѓу Ленс и Марсеј беа неодлучни помеѓу нерешено и победа за гостите.
Пет од седумте натпревари кои се одиграа вчера завршија нерешено, а два со победа на гостинските екипи. Сепак, играчите на Спортската прогноза сметаат дека денес нема да биде така, и ќе има победи за дел од домашните екипи.
1543 – 21:30 – Бенфика – Спортинг Л. 1 (2.25)
1309 – 18:30 – Севиља – Бетис 1 (2.20)
3611 – 18:00 – Лацио – Рома 1 (2.95)
1808 – 17:30 – Вердер Бремен – Ајнтрахт Ф. 2 (2.35)
1707 – 15:00 – Мец – Нант 2 (2.45)
1709 – 20:45 – Ленс – Марсеј Х2 (1.57)