Играчите на Спортска прогноза им даваат мала предност на Арсенал и Милан во дерби-дуелите против Челзи и Јувентус

Останува уште само еден ден за типување во бесплатната понуда на Sport Life, Спортската прогноза. Првиот натпревар започнува во сабота, со почеток во 15:30 часот, а се среќаваат Унион Берлин и Штутгарт. Тоа значи дека дотогаш имате можност да ги пополните вашите типови.

Дерби-дуелите од Премиер лигата и Серија А викендов привлекуваат најголемо внимание. Во Англија се игра лондонското дерби помеѓу Челзи и Арсенал, а гостинската екипа има предност според типовите на играчите на Спортска прогноза. Дури 55,20% од играчите сметаат дека Топчиите ќе победат, а само 18,46% предност ѝ даваат на екипата на Челзи. Остатокот од 26,34% типуваат на нерешено.

Слично е и на италијанското дерби помеѓу Милан и Јувентус, но тука во корист на домашната екипа. Малку повеќе од половина од типувачите на Спортска прогноза, односно 53,05% ја фаворизираат екипата од Торино, додека само 12,19% се одлучија да типуваат на победа на Милан, а 34,77% чекаат реми на „Сан Сиро“.

Со 13 погодени натпревари се добива еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12-ка следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 500 денари вредат 11 погодени фикса.

 

- Оглас -

Најнови вести