Играчите на Спортска прогноза немаат дилема: Сити ќе го победи Јунајтед

Градското дерби на Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед е натпреварот кој привлекува најголемо внимание од понудените за типување во новото коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза.

Само 24 часа од почетокот на новото коло, типувачите одлучија кој е нивниот фаворит, и тоа во голем процент. Дури 82,85% од типувачите на Спортската прогноза сметаат дека Граѓаните ќе победат, 11,98% мислат дека нема да има победник на овој натпревар, а само 5,17% предност му даваат на Јунајтед.

Вториот најголем процент за победа следниот викенд го имаат фудбалерите на Жирона на гостувањето кај Мајорка. Дури 68,80% од играчите на најпопуларната бесплатна игра предност на ова гостување му даваат на малиот клуб од Каталонија.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести