Четири екипи се големи фаворити на своите натпревари според играчите на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Интересно, сите четири екипи играат како гости.
Најголеми проценти за победа според играчите на Спортска прогноза имаат Интер на гостувањето против Аталанта, Баерн Минхен кај Борусија Дортмунд, Севиља на гости против Селта Виго и Јувентус против Фиорентина.
Меѓу домашните екипи најголеми фаворити се Келн, Унион Берлин и Нант.
Првиот натпревар од викенд-понудата на Спортска прогноза започнува во сабота, во 14 часот, а се среќаваат Осасуна и Жирона. Тоа значи дека тој е последниот термин до којшто треба да ги пополните вашите типови и да учествувате во деветтото коло на бесплатната игра на Спортска прогноза.
Во шестата сезона на бесплатната игра сè уште се чека првиот прогнозер што ќе погоди Тринаесетка и ќе може да си одбере по сопствен избор една од трите понудени награди од Sport Life:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
електричен тротинет,
Сони плејстејшн 5
Голем дел од стандардните учесници веќе ги одиграа своите комбинации, а секој може да се приклучи на многу едноставен начин.
Играта е бесплатна, сè што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.
Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени пара, ви следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.