Играчите на Спортска прогноза одлучија: Победите на Вердер и Дортмунд се сигурици за викендов

Новото, 13-то коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, започнува утре во 15:30 часот со натпреварите од Бундес лигата. Тоа значи дека имате уште време да ги пополните вашите типови и да се обидете да ја погодите 13-ката која ќе ви донесе богати награди.

Колото го отвораат три натпревари од германската Бундес лига: Унион Берлин – Менхенгладбах, Вердер – Аугзбург и Волфсбург – Фрајбург.

Токму екипата на Вердер Бремен е една од сигуриците според оние играчи кои веќе ги имаат пополнето своите типови. Дури 82.13% од играчите сметаат дека Вердер ќе го победи Аугзбург, што воедно е и најголемиот процент од сите натпревари.

Уште еден натпревар од Бундес лигата има изразит фаворит според типувачите на Спортската прогноза. 73.16% се одлучија да им дадат предност на “милионерите“ во дуелот против Лајпциг.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат вредносен ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести