Играчите на Спортска прогноза одлучуваат: По два натпревари од Германија и Шпанија се сигурици за викендов

Остануваат уште точно 24 часа до почетокот на новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Тоа значи дека имате уште толку време да ги пополните вашите типови, секако, доколку тоа не сте го сториле досега.

Од она што е досега типувано, се доаѓа до заклучок дека по два натпревари од германската Бундеслига и шпанската Ла Лига се сигурици за викендов. Волфсбург со 69,14% е фаворит да победи Ајнтрахт Франкфурт, а процентот за победа на Аугсбург над Ст. Паули е уште поголем, дури 82,69%.

Во шпанската Ла Лига најголеми фаворити се Еспањол и Севиља во дуелите против Алавес, односно Хетафе. Дури 87,59% од типувачите предност ѝ даваат на Севиља во дуелот против Хетафе, додека 77,79% од играчите на Спортска прогноза сметаат дека Еспањол ќе го победи Алавес.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести