Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е започнато, а ќе биде отворено сè до сабота во 15 часот, кога започнуваат првите натпревари од понудата.
Еден од најинтересните натпревари е вечното македонско дерби помеѓу Пелистер и Вардар, а играчите веруваат дека во Битола ќе биде нерешено. Половината од нив, или 50% типуваат на „икс“, предност на битолчани им даваат 30% од типувачите, додека во Вардар веруваат 20% од играчите на Спортската прогноза.
Интересно ќе биде и во италијанската Серија А. Наполи е голем фаворит за победа против Милан, а во тоа веруваат 64% од типувачите. Предност на Милан му даваат само 11%, а останатите 25% чекаат нерешено во Неапол.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.