Натпреварот кој привлекува најголемо внимание претстојниот викенд секако дека е Ел Класико, и тоа во битка за трофејот од Купот на Шпанија. Играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веруваат дека Каталонците ќе дојдат до трофејот.
Дури 54% од типувачите веруваат во победа на Барселона, додека процентот за нерешено и за победа на Реал Мадрид е ист, по 23.
Сепак, најголем фаворит за победа викендов е Интер, во кого веруваат дури 80% од играчите кои имаат пополнето Спортска прогноза.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.