Играчите на Спортската прогноза ги имаат своите фаворити: Арсенал, Фулам и Фрајбург сигурно победуваат

Голем број на играчи на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската пргноза на Sport Life, го искористија своето право и ги пополнија своите типови на само 24 часа од почетокот на новото коло.

Тоа значи дека веќе се познати дел од фаворитите за претстојниот викенд. Еден од најинтересните дуели е лондонското дерби помеѓу Тотенхем и Арсенал, а „топчиите“ се големи фаворити според типувачите на Спортската прогноза. Дури 68.58% од играчите сметаат дека Арсенал ќе победи на гости, а големи проценти за победа имаат и Фулам и Фрајбург.

Токму процентот за победа на Фулам над Кристал палас е најголем од сите 13 натпревари. 78.44% од играчите предност му даваат на домашниот состав на овој меч, а 73.85% се одлучија дека Фрајбург е фаворит за победа против Волфсбург.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести