Српскиот првак Црвена ѕвезда е во Кипар, каде што се подготвува за утрешниот реванш-меч од пелјофот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите против Пафос. Минатата недела Црвено-белите на свој терен во Белград загубија од Пафос со 2:1 и сега ќе мора да бркаат триумф во реваншот.
Како што пренесуваат српските медиуми, доколку Црвена ѕвезда успее да ја надополни негативата во реваншот и да се пласира во групната фаза во Лигата на шампионите, играчите на српскиот тим кои го носат најголемиот товар во тимот ќе добијат премии од по 100.000 евра.
Како дополнителна мотивација, од клубот ветиле премија од по 120.000 евра доколку победат со два или повеќе разлика и уште по 90 минути на Кипар да обезбедат место во групната фаза во Лигата на шампионите.