Играчите на Црвена ѕвезда не сакаа да ја држат паролата „Стоп за војната“ (Видео)

Црвена ѕвезда ги загуби шансите за пласман во фајнл-фор во кошаркарската Евролига, но и покрај тоа, дуелот на гости во Каунас против Жалгирис привлече посебно внимание.

Овојпат во фокусот не беше кошарката, туку тоа што се случи пред почетокот на мечот. Во боите на украинското знаме, домаќините истакнаа парола на која пишуваше „Стоп за војната“, кое го држеа домашните кошаркари и судиите, но не и играчите на Црвена ѕвезда.

Навивачите во салата со свирежи го испратија овој потег на гостите.

https://twitter.com/i/status/1510651578256084994

- Оглас -

Најнови вести