Играчите на Ѕвезда во оклопно возило се возеа и го славеа пласманот во ЛШ (Видео)

Црвена ѕвезда втора сезона по ред ќе игра во групната фаза од Лигата на шампиони, откако синоќа одигра 1:1 во Белград против Јанг Бојс. Овој резултат беше доволен за српскиот првак, кој на гости одигра 2:2 во првиот дуел и благодарение на повеќе погодоци дадени на туѓ терен, сега е дел од фудбалската елита.

Пред мечот со Јанг Бојс, пред стадионот „Рајко Митиќ“ беше поставен тенк, како знак дека ги очекува тешка борба за влез меѓу најдобрите 32 клуба. Откако ја добија битката на теренот, играчите на Ѕвезда качени на оклопно возило го прославија големиот успех.

Вечерва остануваат да се одиграат последните три квалификациски меча, по што ќе бидат познати сите учесници за групната фаза. Ждрепката за групите е утре, а постои можност да гледаме и едно големо балканско дерби од минатото.

- Оглас -

Најнови вести