7.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Играчите не можеа да се изначудат каков гол беше постигнат во Бугарија (Видео)

Екипата на ЦСКА 1948 со 5:4 славеше над Лудогорец во меч од 13 коло во фудбалското првенство на Бугарија. Уште во првите 10 минути беше јасно дека ова ќе биде дуел со многу погодоци, а на семафорот стоеше 1:1.

Сепак, во продолжение на средбата, доминираа домашните фудбалери. Франко погоди за 2:1 во 16 минута, а потегот на мечот се случи во 41 минута. Собреиро забележа дека гостинскоот голман е излезен далеку и реши да го изненади со шут од преку 50 метри.

Шутот беше перфектно прецизен и топката заврши во мрежата, а многумина од фудбалерите, како и гледачите останаа во неверување за тоа каков погодок беше постигнат на стадионот „Бистрица“ во Софија за водство на ЦСКА од 3:1.

ЦСКА водеше и со 5:1, но Лудогорец на крајот малку фалеше да освои бод, затоа што гостите стигнаа до 5:4, но немаа сили да освојат бод.

CSKA 1948 [3] – 1 Ludogorets – Bryan Sobrero 40′ (50+ meters)
byu/VasiliyK6 insoccer

- Оглас -

Најнови вести