Одложениот натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид требаше да се игра на 2-ри јануари, но асоцијацијата на шпански фудбалери (АФЕ) не се согласува со овој предлог и предлага средбата да се игра еден ден подоцна, на 3-ти јануари 2025 година.
Натпреварот беше одложен поради трагедијата со поплавите во областа на Валенсија.
Постои колективен договор помеѓу синдикатот на играчи и Ла Лига, според кој е утврдено дека меѓу 23-ти декември и 2-ри јануари играчите се ослободени од играње официјални натпревари, па од АФЕ стојат на тоа.
Доколку се прифати предлогот на АФЕ и Валенсија – Реал се игра на 3-ти јануари, тоа ќе донесе до промени во календарот на шпанскиот куп. Реал Мадрид нема да може да игра на 5-ти јануари, а ќе има поместување и на натпреварот на Валенсија. Ако Реал игра куп меч на 6-ти, после тоа веднаш заминува за Саудиска Арабија, бидејќи веќе на 9-ти јануари Кралскиот клуб треба да се сретне со Мајорка во полуфиналето од суперкупот на Шпанија.