Играчите ништо, ама овие луѓе му донесоа трофеј на Манчестер јунајтед

Единствена работа со која Манчестер јунајтед може да се пофали дека сезонава е најдобар во Англија, беше тревнатиот терен на „Олд Трафорд“. Теренот на стадионот на „црвените ѓаволи“ е прогласен за најдобар во Премиерлигата. Заслугата за таквата одлична состојба на теренот е на луѓето кои секојдневно се грижат за одржување на тревата на теренот.

Играњето на идеални услови и прекрасен терен, не им помогна многу на фудбалерите. Јунајтед заврши само на шестото место и во следната сезона ќе игра во Лига Европа, што не е според желбите на гигантот кој жареше и палеше низ Англија и Европа во изминатите 30-тина години. По заминувањето на менаџерот Алекс Фергусон во пензија, клубот почна да се мачи и освојување на трофеи за нив станува речиси невозможна мисија.

- Оглас -

Најнови вести