Играчите одвај чекаа да се врати Спортска прогноза, имаат свои фаворити во градските дербија

Новото коло на популарната бесплатна Спортска прогноза која ја организираат Sport Life и Спорт Манија благодарение на неколку дербија, е спектакуларно и вистински предизвик е за секој играч.

Терминот до кој може да се вклучите со ваши прогнози во 14-тото коло е сабота 13.30 часот, за кога е закажан почетокот на дуелот на Манчестер јунајтед и Манчестер сити. Голем број прогнозери веќе типуваа, а две третини веруваат во победа на Сити.

В сабота има и баскиско дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, таму над 60 отсто прогнозери сметаат дека ќе биде кец.

Од неделната понуда, во основната 13-ка има седум натпревари, а најинтересни се градското дерби во Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал и она во Лисабон, каде што ќе се сретнат Бенфика и Спортинг. Дури 83 проценти веруваат во победа на Бенфика, додека победа на Арсенал чекаат 47 отсто, а триумф на Тотенхем засега типувале 21 отсто прогнозери.

Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти: Смарт ТВ Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет и X Box Series X.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што нема да погодат еден пар, а им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, и за тие со две утки, кои добиваат ваучер од 500 денари.

Резервните парови се пресметуваат во трката во генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести