Играчите се загреваат, Јувентус со најава за вечерашното дерби (фото)

Сè уште владее неизвесноста околу одигрувањето на дербито меѓу Јувентус и Наполи. Тимот на Џенаро Гатузо поднесе барање до лигата за мечот да биде одложен со оглед на тоа дека доби забрана да патува за Торино, додека пак Бјанконерите ги вршат обврските како што ветија и се однесуваат како дуелот да ќе се одигра.

Фудбалерите на Јувентус претходно денес го одработија последниот тренинг пред мечот, а околу два часа пред закажаниот термин ќе се појават на „Алијанц“ стадионот. Се чини дека Наполи нема друг избор туку да го предаде мечот, бидејќи италијанскиот првак не прифаќа одложување на дербито.

Во меѓувреме на социјалните мрежи Јувентус го најави мечот кој треба да започне во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести