Играчот кој го донесе мундијалското злато на Германија сега вреди само 4 милиони евра

Марио Геце е фудбалерот кој беше херој на цела Германија, откако во финалето на Светското првенство во Бразил го даде голот за победа над Аргентина и шампионски трофеј за Панцерите. Во 113 минута Геце успеа да погоди, гол кој ја одведе Германија до светскиот трон.

Осум години подоцна, Геце е далеку од славата која ја имаше во 2014 година. Има 30 години и е дел од тимот на ПСВ Ајндховен, а летово најверојатно ќе има и нов клуб. Бенфика се интересира за доведување на Геце, а тоа да се случи, португалскиот гигант треба да ја активира откупната клаузула која изнесува само четири милиони евра.

Бенфика не е единствен клуб што сака да го купи Геце. Во трка за доведување на Германецот се и актуелниот освојувач во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт, како и тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Кариерата на геце започна во Борусија Дортмунд, потоа играше за Баерн Минхен за потоа повторно да се врати кај Милионерите. Од 2020 година е во ПСВ, а сега е на повидок неговиот четврти клуб во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести