Играчот кој сакаше да се тепа со Меси, сега го нападна и Синиша Михајловиќ (Фото)

Гари Медел е чилеански репрезентативец познат по темпераментниот карактер. Не ретко се гледа како Медел знае да се скара, па дури и физички да се обиде да се пресмета со некој од противничките играчи. Не така одамна беше кога Медел за малку ќе се степаше со Лионел Меси, на дуелот за третото место на Копа Америка. За тој инцидент, и Меси и Медел заработија црвен картон.

Најновиот скандал на Медел беше денеска на дуелот меѓу Лече и Болоња. Во еден момент Медел влезе во конфилкт со Тацидис, а тренерот на Болоња беше во близина и се обиде да ги раздвои играчите. Во тој момент Медел тргна кон својот тренер и започна расправија со Михајловиќ.

За среќа, брзо реагираа останатите играчи и успеаа да го тргнат завојуваниот играч од Михајловиќ, кој неодамна излезе од болница по неколку месечната борба со смртоносната болест леукемија.

https://twitter.com/LegionCL/status/1208777613038239747

 

- Оглас -

Најнови вести