Играчот на Атлетико Мадрид го „глумеше“ Белингам, па сега може да добие суспензија од 12 меча (Видео)

Атлетико Мадрид претрпе шокантен пораз (1:2) од градскиот ривал Хетафе и тоа со два гола примени во 89 и 90+2 минута. Атлетико водеше со 1:0 кога Анхел Кореа доби црвен картон, а потоа следуваше „експлозија“ од пцовки на сметка на арбитарот.

Главниот судија точно ги запамтил зборовите кои Кореа му ги кажал и ги запишал во записникот.

„Во 88. минута, Анхел Кореа беше исклучен, а откако му покажав црвен картон, тој ми се обрати со следниве зборови: „Курвин син, шупак, „да ти ја е*** мајката“, напишал судијата Фернандез во извештајот.

Според член 94 од Општиот правилник на Федерацијата, „навреда, напад или навредливо обраќање кон главниот судија, неговите помошници, четвртиот судија, директорите или спортските власти, освен ако не е посериозен прекршок, се казнува со исклучување од четири до дванаесет натпревари“.

Доколку добие минимална казна Кореа ќе пропушти два мечаи тоа ќе бидат двата дуели против Барселона, реваншот во Купот и во првенството.

За сличен престап, односно за пцовки кон судијата, но „помалку сочни“, ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам доби суспензија од два меча.

- Оглас -

Најнови вести