8.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Играчот на Бенфика „распали“: Веќе не се ни трудат да се скријат кога се работи за Реал Мадрид

Европската фудбалска куќа (УЕФА) реши да го суспендира Џанлука Престијани и тој нема да игра вечерва за Бенфика на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид во реваншот од плејофот за влез во осминафиналето во Лига на шампиони.

Престијани е суспендиран поради скандалот кој се случи на првиот меч во Лисабон. Тогаш, Винисиус јуниор го обвини Престијани дека расистички го навредил и не сакаше да продолжи да игра. Иако нема никаков цврст доказ дека Престијани го навредил Винисиус, затоа што устата му беше покриена со дресот, УЕФА реши да го суспендира Аргентинецот и да не му дозволи да игра вечерва во реваншот.

По оваа одлука на УЕФА, преку социјалните мрежи се огласи фудбалерот на Бенфика и жестоко ја нападна УЕФА.

„Дозволено е да се удри без топка и тоа се гледа, но затоа нема никаква казна. Дозволелно е да има казна и кога нема доказ и тоа се гледа. Веќе не се ни трудат да се скријат кога се работи за Реал Мадрид. Срамота“, напиша Престијани.

Реал Мадрид победи со 1:0 на гостувањето во Лисабон и вечерва на свој терен е во улога на фаворит да оди во следната фаза на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести