6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Играчот на годината во Англија е изоставен од составот за натпреварите во октомври

Само два дена откако беше прогласен за најдобар англиски фудбалер за 2024/2025 година, Џуд Белингам го нема на списокот на селекторот Томас Тухел за октомвриските мечеви на Гордиот Албион со Велс и Летонија.

Белингам неодамна се врати на терените по операција на рамото и далеку е од посакуваната форма, па овојпат нема да биде дел од националниот тим, туку ќе остане во Мадрид и ќе се подготвува за претстојниот период за што побрзо да фати ритам бидејќи ќе им биде потребен и на Реал Мадрид сезонава, како и на Англија на Светското првенство следната година.

- Оглас -

Најнови вести