Даглас Коста, крилниот играч на Јувентус, се израдува на десетата шампионска титула во последните 11 сезони. Бразилецот ја игра третата сезона во дресот на Јувентус и секако третпат се радува на титулата, ако се знае дека Старата дама доминира дури девет сезони во Серија А.
Пред да дојде во Јувентус, Коста две години беше дел од Баерн Минхен, кој исто така е доминантен во својата Бундеслига. Коста беше шампион со Баерн во 2016 и 2017 година.
Кариерата на Коста започна во Гремио, а по две сезони замина во Шахтар Донецк. Како играч на украинскиот гигант Коста беше шампион во 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година. Единствено во 2015 не беше првак со Шахтар и потоа направи трансфер во Баерн, од каде што повторно ја продолжи низата со титули, која сега изнесува 10 шампински трофеи во последните 11 сезони.
Актуелниот договор на Коста со Јувентус е до јуни 2022 година, но отворени се шпекулации околу останувањето на Бразилецот во Торино. Старата дама сака да го продаде за сума од 40 милиони евра, но најавите се дека би го продале и ако некој клуб за Бразилецот плати 30 милиони евра.