Играчот на Ливерпул бил во Гинис во категоријата „ај да пукне“ (Видео)

Такуми Минамино со гол во 94 минута го спаси Ливерпул до елиминација во Лига Купот против Лестер. Мечот заврши 3:3, а потоа Ливерпул се плсираше во полуфиналето на пенали.

Јапонскиот репрезентативец пред две години дојде во Ливерпул и тоа за девет милиони евра од Ред Бул Салцбург, каде што играше пет години. Пред да дојде во Европа, Минамино играше за Осака.

Токму во периодот кога беше играч на Осака, Минамино успеа да постави еден светски рекорд и да се запише во Гинисовата книга на рекорди. Фудбалерот стана светски рекордер во категоријата „ај да пукне“ и тоа во период од 60 секунди. За една минута Минамино успеа да се поздрави со дури 187 луѓе.

Тој рекорд на Минамино беше две години, а потоа беше срушен во Сан Диего од човек кој направи дури 290 „ај да пукне“ и го сруш рекордот на фудбалерот на Ливерпул.

„Се сеќавам на тој период. Имаше 200 луѓе во редот и требаше да се поздравиме со најголем број на луѓе. Јас бев најдобар и поставив рекорд. Подоцна тој рекорд беше срушен, но еден период бев дел од Гинисовата книга на рекорди“, се присети Минамино.

- Оглас -

Најнови вести