Норвешкиот фудбалски клуб Брине стекна популарност во светот по тоа што како клуб кој држи до своите земјоделски корени, на стадионот има една „трибина“ на која може да гледате седнати во трактор, по секој меч на најдобриот поединец му даваат награда во вид на производи од локалните фарми, па така наместо некакви пехари или медали, се доделуваат месо, јајца, млеко, зеленчук и слично.
Вчера во меч од Купот на Норвешка, Брине со 4-0 победи против петолигашот Вархауг, а најдобриот поединец си замина дома со прасе од 23 килограми кое го доби како награда за добрата игра.
Пред околу две недели, голманот Јан Де Бур доби четири табли со локални јајца за добрата партија, а тој ја искористи својата награда за да зготви холандски омлет за своите соиграчи. Сега добитникот на прасето исто така најави дека ќе има за сите соиграчи.