Рома на својот „Олимпико“ загуби од Наполи со 0:1 во меч на кој гостите до победата стигнаа со погодок во 80 минута. Виктор Осимен погоди за продолжување на неверојатната низа од 11 победи по ред во сите натпреварувања за Наполи.
По завршување на мечот, дел од играчите на Рома негодуваа кај главниот судија Масимилијано Ирати, а највоинствен беше Рик Карсдорп. Холандскиот интернационалец буквално се внесе во лицето на судијата, но и арбитарот не остана мирен, па го оттурна фудбалерот и малку фалеше да се случи поголем инцидент.
На крајот, Карсдорп заработи црвен картон за својата реакција, која не смени ништо во резултатот и Римската волчица поразена си замина од својто стадион.