Играчот за кого Челзи плати 100 милиони евра во првиот меч постави рекорд во Премиер лигата

Англискиот премиерлигаш Челзи реши да плати 100 милиони евра (сума заедно со бонусите) за да го доведе украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик на „Стемфорд бриџ“. Талентираниот 22-годишен играч дебитираше за Челзи во дербито против Ливерпул и за половина час, колку што помина на теренот, успеа да го покаже својот талент.

Мудрик посебно изненади со брзината, па особено го намачи искусниот Џејмс Милнер, кој неколку пати со лизгачки стартови се обидуваше да го сопре новиот играч на Челзи.

Во дебито за Челзи, Мудрик успеа да постави и еден рекорд. Статистиката покажа дека тој успеал да трча со брзина од 36.63 километри на час, најмногу од сите играчи сезонава во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести