36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Играјте ги мечевите од првенството во кое разликата меѓу првиот и петиот е само еден бод

Фудбалот во Германија е најактивен во Европа. Не само што се играат дуелите од Бундеслигата и втората лига, во полн ек е и шампионатот од третата лига во Германија. Е токму ова првенство е најнеизвесно во Европа. Делува неверојатно, но разликата меѓу првопласираниот Дуизбург и петиот Брауншвајг е само еден бод.

Во третата лига, првите две позиции носат директен пласман во Цвајте, додека третопласираниот тим игра бараж. Сепак, ако се погледне табелата, не се само првите пет екипи во трка за тие три места. Ако се знае дека досега се одиграле 29 кола и има уште девет кола до крајот, до реални шанси за борба за првите три позиции е дури и 11-то пласираната Ханза Рошток!

Ханза иако е на 11 место, заостанува само шест бода зад лидерот Дуизбург, односно две победи. Во ниту едно друго првенство во светот, во овој период од шампионатот нема толку мала разлика помеѓу лидерот и екипата која е на 11 место.

Денеска од 14 часот на програмата во третата лига во Германија има шест меча, кои се атрактивни за играње и прогнозирање.

 

- Оглас -

Најнови вести