Играјте хокеј, кошарка и турски фудбал

Понудата од најсилните фудбалски лиги ја нема, но тука се квотите на денот од SPORT LIFE кои се однесуваат на хокеарски меч од КХЛ-лигата и два меча од турското првенство во кои ќе играат екипи со македонски интернационалци. Ви даваме уште два кошаркарски предлози од регионалните АБА и ВТБ лиги.

 

ЦСКА Москва – Нефтехимик (17.30 часот)

На хартија, домашните се големи фаворити. Нефтехимик нема добар напад, се наоѓа во долниот дел на табелата во Источната конференција, а ЦСКА, која е прва на Западот, и во минатото обично лесно излегувала на крај со овој противник. Последниот дуел на 17-ти ноември заврши со 2-1 за московските „армејци“. Затоа, тука препорачуваме „единица“, плус голови.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.70)

 

Акхисар – Коњаспор (18.00 часот)

Коњаспор на Адис Јаховиќ е далеку пред Акхисар на табелата, но Акхисар е незгоден домаќин и кога игра на свој терен, не е наивен, туку често освојува бод(ови). Акхисар е тим со најлоша одбрана во турската лига, но и Коњаспор не е многу подобра во тој елемент. Коња има само една победа на четири гостувања кај овој противник.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

Анталијаспор – Фенербахче (18.00 часот)

Тимот на Фенербахче е во зоната на испаѓање, долговите на клубот дополнително прават проблем за Елиф Елмас и другарите. Анталија полека како да излегува од криза, а таа и во минатото знаела да го мачи Фенер и сигурно ќе се обиде да ја искористи кризата кај славниот противник. Анталија високо котира, но има негативна гол-разлика. Фенер нема право на грешка.

Предлог тип: Т21+ I & T2 2+ (2.40)

 

Крка – Будуќност (18.00 часот)

Овој дуел од АБА-лигата е важен за двата тима. Крка е последна и мора да победува ако сака да се спаси од испаѓање. Будуќност има низа порази во Евролигата, но се бори за второто место во АБА и не смее да си дозволи кикс во Ново Место. Крка не го победила црногорскиот тим уште од 2013 година (низата од осум победи по ред за Будуќност).

Предлог тип: < 157.5 (1.90)

 

Химки – Зенит (18.00 часот)

Кога ќе го прогнозирате овој меч од ВТБ-лигата, треба да имате предвид дека кај Химки го нема Алексеј Швед, еден од најдобрите поентери во Европа. Зенит го смени тренерот, на местото на Карасев седна Шпанецот Пласа. Во меѓусебните три дуели на овие екипи победуваше тимот кој беше во улога на гостин. Химки има 4-1 во последните пет дуели со Зенит.

Предлог тип: 1-1 (1.75)

- Оглас -

Најнови вести