1802 Ајнтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Ајнтрахт влезе во пеколен ритам на мечеви во Бундеслигата и Лигата на шампионите, а данокот најчесто е зголемен број на повредени и суспендирани играчи.
Против Баер на ппуларните Орли ќе им недостасуваат Хазебе, Кнауф, Пелегрини, Онгуене, Туре и Бута, а дел од нив се и стандардни првотимци, па хендикепот е очигледен.
И Баер нема да биде комплетен и веројатно отсутни ќе бидат Белараби, Азмун, Паласиос и Вирц.
Хендикепот со повреди на играчите е тука негде, израмнет за двете екипи, а малку е чуден распоредот на коефициентите што го прават тимот од Леверкузен фаворит.
Баер не победил на гостувањата во Франкфурт од 2017 година, има и неколку убедливи порази, па ќе типуваме дека ранетите Орли на Ајнтрахт пак ќе ги надиграат и победат.
Предлог тип: 1 (2.80)
1303 Валенсија – Елче (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)
Валенсија е во одличен ритам со три меча по ред без пораз и ако го победи фенерџијата Елче ќе се вклучи во битката за позициите кои водат во Европа.
Лилјаците некако постојано се во финансиска криза и продадоа многу квалитетни играчи во последните 3-4 сезони, но успеваат да ги прегрмат искушенијата.
Елче моментно е најслабиот тим во Ла Лига и единствен по 8 кола без победа.
Со само второто реми минатиот викенд против Мајорка, Елче ја прекина црната серија од пет порази по ред.
Гостите не славеле на „Месталја“ во овој век, а еден од најпознатите фудбалски бастиони на планетата е тешко место за вадење и за да се очекува некаков подвиг на тимови од калибарот на Елче.
Валенсија дома има пет победи на последните шест меча и типуваме дека ќе ги освои бодовите и денеска.
Предлог тип: 1 (1.45)
1702 Лоријон – Ремс (Лига 1, Франција, 17 часот)
Лоријон ланската сезона едвај куртули од испаѓање и во финишот имаше пет меча без триумф, но опстана и сега прави ршум во Франција.
Клубот од областа Бретања игра чудесно во последно време и нанижа шест победи по ред за пробив на второто место во Лига 1 во Франција со 25 бода, само еден зад ПСЖ.
Фудбалскиот бум почна со доаѓањето на тренерот Реџис Ле Брис во јуни годинава, а 46-годишниот стручњак е еднакво чудо како и неговиот тим.
Ле Брис за првпат е тренер на тим од Првата француска лига и има ефект од 8 победи, едно реми и само еден пораз во првите 10 кола.
Заедно со Лоријон се двата големи хита на клупската сцена во земјата на актуелниот светски првак, но денеска им доаѓа една опасна и цврста екипа.
Ремс е екипата со најмногу нерешени резултати, дури пет во 10 кола, но има пад во формата со серија од пет меча без триумф, па домаќините кои се во налет се фаворити за победа.
Предлог тип: 1Х&2+ (1.76)
6728 Хари Кејн (Премиер лига, Тотенхем – Евертон, 18.30 часот)
Кејн е врвен стрелец и голем адут на Тотенхем во битката за позициите што водат во Европа, па и за шампионската титула, а особено добро игра против Евертон.
Досега на Карамелите им дал 13 гола на 14 меча во Премиер лигата, а на дури шест меча им давал и по два гола.
И сезонава главниот шпиц на Тотенхем и еден од најдобрите на планетата игра одлично и стрела немилосрдно.
Втор стрелец е во Премиер лигата со 8 гола, колку што има Иван Тони од Брентфорд.
Денеска Кејн има топ-шанса со гол(ови) повторно да биде осамен на второто место само зад Ерлинг Халанд, а ние типуваме дека најмалку еднаш ќе ја тресе мрежата на гостите од Ливерпул.
Предлог тип: Кејн дава гол (2.05)
1610 Аталанта – Сасуоло (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Има натпревари на кои никако не може да се избегне традицијата, а еден од тие е и новиот дуел меѓу Аталанта и Сасуоло.
Колку и да се менуваат работите и составите, за овие два тима кога играат меѓусебе нема никакво влијание и редовно има голови во двете мрежи.
Сасуоло е феномен, а Аталанта е веројатно уште поголемо чудо, кое во последните неколку сезони игра најабав фудбал и им пркоси на гигантите.
Сасуоло редовно продава играч и тоа најдобрите, но пак е тврд орев во Калчото за сите.
Сезонава пак играат добро, а Аталанта е најмалку за едно ниво погоре и игра фантастично.
Со Наполи се двете единствени непоразени екипи во првите 9 кола во Серија А, но сепак иако се фаворити, овде ќе ја почитуваме традицијата и ќе одиграме ГГ&3+.
Коефициентот е добар, а на последните 9 од 11 натпревари на овие два тима се треселе мрежите на двете страни и имало 3+.
Предлог тип: ГГ&3+ (2.01) Супер тип на Sport Life