Играјте на Арсенал и Реал, претпазливо со Дортмунд и финалето на „Вембли“

Квотите на денот на SPORT LIFE нудат по еден меч од германското, англиското и шпанското првенство, а ние како дополна ви предлагаме по една средба од Италија и финалето на Лига купот во Англија.

При прогнозирањето, ви помагаме со мини-анализи за сите пет меча кои доколку бидат погодени, носат потенцијално убава добивка, со оглед на квотите.

 

Арсенал – Саутемптон (15.05 часот)

После триумфот над БАТЕ Борисов во Лига Европа, Арсенал во позитивно расположение го пречекува тимот кој во средината на декември го совлада со 3-2. Саутемптон на последните пет гостувања не знае за пораз, но Арсенал дома има шест победи по ред. „Топчиите“ во 2019 година немаат нерешен резултат.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.65)

 

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен (18.00 часот)

Лидерот на Бундеслигата е во серија од три ремија во првенството, а испадна од Купот на Германија и се наоѓа пред елиминација во Лигата на шампионите. Овој меч е шанса за излез од кризата. Борусија уште не може да смета на капитенот Ројс. Нов кикс би значел дека во следното коло, Дортмунд може да го загуби првото место на табелата. Традицијата навестува голови.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.10)

 

Леванте – Реал Мадрид (20.45 часот)

Реал Мадрид не знае за победа над Леванте од 2016 година наваму, тимот на Барди славеше во Мадрид со 2-1 во првиот меч сезонава, но тогаш на клупата на Реал беше Лопетеги. И сега во Реал не е најдобра атмосферата, откако во минатото коло имаа голем кикс дома против Жирона. Гостите ќе бидат без капитенот Рамос, но мора да победат за враќање на самодовербата пред двете пресметки со Барселона.

Предлог тип: Т2 3-5 (2.35)

 

Фиорентина – Интер (20.30 часот)

Интер на гостувањата е лош, од ноември наваму има само две победи и тоа со по 1-0, а Фиренца е прилично тежок терен за гостување, каде тимот од Милано пет години не славел. Кога гостува Интер, најчесто тоа се неефикасни мечеви, но традицијата на дуелите со „виолетовите“ кои немаат пораз во 2019 година, најавува дека ќе има барем три погодоци. На шест од последните седум двобои на овие тимови, било 3+.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Челзи – Манчестер сити (17.30 часот)

Финалето на Лига купот во Англија носи дерби во кое нема големи фаворити, иако може да се каже дека Сити е во предност, поради оние 6-0 против „сините“ пред две недели. Сепак, ова е нешто друго, и мотивите кај тимот од Лондон за реванш ќе бидат големи. Манчестер сити игра доста ефикасно во последно време, а одбраната на Челзи надвор од „Стемфорд бриџ“ лесно прима голови.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести