Играјте на фаворитите во Холандија и Португалија, тука се и возбудувањата во најсилните лиги

1009 Саутхемптон – Лестер (18:30 ч.)

Саутхемптон е последен на табелата, но тимот уште има реални шанси да се спаси, а ако сака тоа да се случи, сигурно ќе мора на домашен терен да освојува бодови. Сепак, тоа сезонава ретко се случува затоа што Саутхемптон е најслаб домаќин со само една победа во 11 дуели пред своите навивачи и само шест освоени бода.

Лестер ја има втората најслаба одбрана во лигата, па ова е дуел на кој треба да има погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

3006 Фиорентина – Милан (20: 45 ч.)

Нема многу мотиви кај домаќините кои се сигурни на средината од табелата, додека Милан е во борба да го задржи местото кое носи Лига на шампиони за следна сезона.

Росонерите влегоа во добра форма и имаат четири победи по ред, но и Фиорентина во овој период е одлична со три победи и едно реми, па може да се очекува интересен дуел. На седум од последните осум меѓусебни дуели на овие два клуба имало барем по два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.14)

 

1305 Атлетико Мадрид – Севилја (21 ч.)

Кога игра Атлетико Мадрид веќе е јасно дека многу голови не треба да се очекуваат, па на последните шест средби на Јорганџиите немаше повеќе од два погодоци. Севилја е опасен ривал, па не случајно на последните девет дуели на овие ривали, дури пет пати било нерешено, а по два пати се радувале двата тима.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.92)

 

1633 Феенорд – Гронинген (20 ч.)

Феенорд е лидер на табелата во холандското првенство, па кога на гости им доаѓа претпоследниот тим, јасно е кој ќе победи. Во просек Феенорд постигнува речиси два и пол гола по меч, додека Гронинген ја има третата најслаба одбрана во лигата со просек од над два гола на меч, па тука дилема е само колку погодоци ќе има во мрежата на гостите.

Предлог тип: Т1 1-3 I & T1 1-3 II (1.92)

 

1541 Чавес – Порто (21:30 ч.)

Порто нема лесно да се предаде во трката за титулата со Бенфика, па затоа мора да победува во дуели со ривали како Чавес. Во досегашниот дел од сезоната Чавес се покажа како експерт за нерешени и има осум реми во 22 средби.

Во последните четири години, овие две екипи одиграние четири меча, а Порто секогаш победувал барем со два гола разлика.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести