Играјте на голови во Молде и Албасете, Уругвај не смее да го потцени Еквадор

Денешните квоти на денот на обложувалниците Sport Life, ви предлагаат да играте дека Молде против Ранхајм во норвешката лига ќе даде три или повеќе голови, од кои барем еден во првото полувреме, потоа дека Албасете нема да загуби од Мајорка во меч со 2-4 гола, и дека на средбата на Уругвај и Еквадор ќе паднат од еден до три гола во двете полувремиња посебно.

 

Молде – Ранхајм (18.00 часот)

Екипата на Молде е лидер во норвешкото првенство, но има ист број бодови со Од, кој има и два меча помалку. Сепак, Молде е голем фаворит против Ранхајм, на 11 средби даде 26 гола, и би требало да му даде три гола на Ранхајм, кој е деветти на табелата и има две победи по ред.

Молде сезонава одигра пет меча пред своја публика и четири пати даваше три или повеќе голови. Но, во минатата сезона, Ранхајм успеа двапати да го победи Молде во лигашките мечеви и двапати му даваше по три гола. Сега е време за реванш.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.40)

 

Албасете – Мајорка (19.00 часот)

Мајорка е на добар пат да се најде во финалето на плејоф за влез во шпанската Ла Лига, бидејќи има предност од 2-0 од првиот меч против Албасете. Албасете дома не победил од 20 април наваму, а Мајорка на 27 април ја извојува својата последна победа на гости.

Тука би требало да има голови, а ако Мајорка даде барем еден, се чини дека тоа ќе значи крај за Албасете. На 10 февруари, Албасете дома ја победи Мајорка со 2-0, и ако вечерва го повтори тој резултат, ќе има продолженија.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.25)

 

Уругвај – Еквадор (23.59 часот)

Уругвај предводен од Кавани и Суарес, е голем фаворит против Еквадор кој има само една ѕвезда, а тоа е Антонио Валенсија од Манчестер јунајтед. Сепак, грешка би било ако Уругвајците го потценат противникот, предупредување за Уругвај треба да биде поразот на младите до 20 години на младинското СП кое заврши вчера.

Последните 11 меѓусебни дуели на овие селекции завршија нерешено или со минимална победа на едните или другите.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.35)

 

Парагвај – Катар (21.00 часот)

Катарците се учесници на Копа Америка како гости, добија специјална покана. Парагвај е фаворит на хартија и мора да победи, за да направи притисок врз Аргентина пред нивниот меѓусебен дуел во следното коло. Но, не треба да се заборави дека Катар е првак на Азија и не треба да биде потценет.

Овој меч ќе се игра на славната „Маракана“ во Рио. Овие селекции играле меѓусебе на пријателски меч пред 10 години и Катар победил со 2-0.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Италија У21 – Шпанија У21 (21.00 часот)

Шпанија е вицепрвак на Европа за играчи до 21 година, но Италија е домаќин и има силен состав, особено во нападот. Преклани во полуфиналето на ЕП, Шпанците беа подобри со 3-1, но сега составите се сосема изменети. Ако има победник на мечот, таа репрезентација ќе го освои првото место во својата група.

Иако е домаќин, за Италија тоа не е голема предност кога игра со Шпанија. Пред 13 години беше единствената победа на младите „аѕури“ над врсниците од Пиринејскиот полуостров.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.98)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести