Играјте на поени на руското дерби, но и на дуелот во Тел Авив

ЦСКА Москва – Химки (19 ч.)

Московско дерби во Евролигата, во кое домаќините се фаворити. Двете екипи започнаа со две победи, но разликата е тоа што ЦСКА двапати славеше убедливо, додека Химки победуваше со едноцифрена разлика. Ова ќе биде и дуел на две од трите најефикасни екипи засега, па нападот е тој што би требало да одлучи на крајот.

Химки има шест победи по ред, но кога се работи за дуелите против ЦСКА, тогаш тоа им е „кошмар“ и загубиле осум пати во последните девет меѓусебни дуели, додека единствената победа им е по продолжение.

Предлог тип: 1&>166,5 (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

Макаби Тел Авив – Црвена ѕвезда (20:15 ч.)

Нема дилеми, Макаби е голем фаворит пред своите навивачи. Ѕвезда осоколена по победата над Фенербахче ќе се обиде и во Тел Авив да одигра добар меч. Статистиката по првите две кола вели дека просекот на дадени поени на двата тима им е над 74,5, па ако остане овој просек, треба да гледаме меч со многу поени.

Традицијата покажува дека на три од последните пет меѓусебни средби двете екипи ја поминуваат границата од 75 постигнати поени.

Предлог тип: Т1&T2 >74,5 (1,85) – квота на денот во Sport Life

 

Aлверка – Спортинг Лисабон (21:45 ч.)

Според денешнатга понуда, можеби нема поатрактивен тим од Спортинг кој ќе излезе на фудбалскиот терен во Европа. гигантот од Лисабон игра во меч од Купот на Португалија, и тоа на гости кај третолигашот Алверка. Последен пат овие две екипи имаат играно пред 15 години, кога Алверка беше во Прва лига во Португалија.

Спортинг победува на последните четири меча против овој ривал, па и сега се очекува уште во раната фаза да ги реши сите дилеми.

Предлог тип: 2& 0-29 (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

Пирамиди – Смуха (20 ч.)

Дуел од египетското првенство на кој домаќините од Каиро се фаворити. По три кола, тие имаат две победи и едно реми со осум постигнати погодоци. Во последните пет меѓусебни средби, Смуха нема победа над Пирамиди, па тешко дека и сега ќе го изненадат овој ривал.

Иако знае да биде и многу ефикасно, сепак не се очекува повеќе од три погодоци денеска.

Предлог тип: 1&0-3 (2.12)

 

Баерн Минхен – Асвел (20:30 ч.)

Ова ќе биде прв официјален меч на овие екипи. Баерн на последниот меч киксираше и загуби од Бон во Купот на Германија, па сега сигурно ќе мора да се коригира и да донесе радост за фановите во Минхен. Асвел одлично стартуваше и има две победи против грчките екипи Панатинаикос и Олимпијакос, но и по ова гостување ќе биде тешко да се задржи победничкиот ритам.

Предлог тип: 1-1 (1.58)

 

- Оглас -

Најнови вести