Реал Мадрид победи на тешкото гостување кај Атлетик во Билбао и сега стигна до седум бода пред вечниот ривал Барселона, во трката за титулата во Примера. Кралскиот клуб до победата стигна благодарение на уште една ВАР одлука во корист на мадриѓани, кога беше досуден пенал за гостите, а Серхио Рамос не пропушти да погоди.
Оваа победа на Реал е дополнителен притисок за Барселона вечерва да не киксира на госту кај Вилјареал. Каталонците играат под своите можности и имаат три нерешени во последните четири меча. За да остане неизвесноста барем уште некое коло, Барселона вечерва ќе мора да слави на гости кај Жолтата подморница која се бори за четвртото место, последно кое води излез во Лигата на шампиони.
Според традицијата, Барселона треба да е апсолутен фаворит за победа вечерва. Цели 12 години Вилјареал нема победа над Барселона. Во впоследните 23 межусебни средби, Барселона има 17 победи и шест нерешени. Жолтата подморница последен шат се радувала во март 2008 година.
Во овој период од март 2008 година до денес, само еден меч завршил без погодоци, што значи дека треба да има возбудувања на „Керамика“ стадионот.