Натпреварите на Полска се многу интересни на Мундијалот во Катар и на два што досега ги одиграа Роберт Левандовски и соиграчите, против Мексико и Саудиска Арабија имаше пенали, но не и голови.
Во првото коло беше досуден казнен удар за Полска, но Левандовски не успеа да го совлада Очоа и Мексиканецот, кој е мајстор за пенали му го одбрани ударот од 11 метри.
Денеска пак имаше пенал на меч на Полска, но сега за противникот, за репрезентацијата на Саудиска Арабија и повторно немаше гол.
Салем Ал Давсари не успеа да погоди од белата точка во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме што е втор нереализиран пенал во две кола на дуелите што ги играше Полска.
Во првото коло Полјаците ремизираа без голови со Мексико, а денеска ја победија Саудиска Арабија со 2:0.
Во понудата на Sport Life со Специјален сингл што излегува секој ден за сите мечеви имате можност да се обложувате дали ќе има пенал и за која селекција.
Квотите најчесто се движат од 5.00 до 8.00 што е добра шанса ако верувате во трендот на пенали на дуелите на Полска, да одиграте дека ќе биде досуден казнен удар и во третото коло со Аргентина на 30. ноември.