Играјте Спортска прогноза: Речиси 90 отсто веруваат во победа на Македонија!

Македонија утревечер во Скопје го игра најзначајниот меч во досегашната историја, оној против Косово во рамките од полуфиналето на плејофот за пласман на Европско првенство. Доколку Македонија победи, ќе биде на еден чекор од остварување на сонот, а тоа е пласман на едно големо натпреварување.

Без разлика на исходот од дуелот против Косово, нашата репрезентација ќе продолжи со мечевите од Лигата на нациите, и тоа против Естонија на гостински терен. Мечот се игра на нашиот голем празник 11 Октомври, па тоа сигурно ќе биде дополнителен мотив Македонија да победи.

Токму дуелот Естонија – Македонија е еден од 13-те мечеви во петтото коло на Спортска прогноза. За помалку од 24 часа прогнозираа речиси 700 играчи, а голем е оптимизмот дека Македонија ќе победи во Естонија. Речиси 90 отсто прогнозираат „двојка“.

Освен овој меч, има уште интересни дуели, па треба да прогнозирате за исходот на Франција – Португалија, Русија – Турција, Англија – Белгија…

Како и во секое коло, главната премија за 13 погодени парови е „ајфон 11“. Среќната 13-ка е блиску затоа што во претходните неколку кола, само по еден-два гола фалеа за да има мајстор со 13 погодоци. Секако, подароци има и за оние со 12 и 11 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од Sport life во износ од 1.000 и 500 денари.

Едноставно, на бесплатната игра на Спортска прогноза нема што да загубите, а може многу да добиете. Прогнозирајте сега!

- Оглас -

Најнови вести