Колото број 19 на Спортската прогноза влегува е достапно за учество уште неколку часа, па затоа сите редовни учесници кои досега не ги приложиле своите прогнози имаат шанса до 15:30 часот да го сторат тоа, односно до почетокот на првиот натпревар од понудата.
Прогнозирањето се затвора со дуелот Келн – Волфсбург, што е како најава за старт на вториот дел од сезоната во Бундеслигата. Секако приматот го има англиското дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, како и други интересни пресметки преку кои може да се дојде до примамливата награда iPhone XS.
Интересни се и резервните мечеви Арсенал – Шефилд јунајтед и Милан – Удинезе, кои влегуваат во пресметките за Генералниот пласман.
Освен стандардните парови од Топ 5 лигите, во ова коло ви нудиме и двојки од холандското, белгиското и турското првенство. Проверете кои се двојките за ова коло и БЕСПЛАТНО прогнозирајте.