Играјте Спортска прогноза, Ве очекуваат мобилни телефони и други подароци

Најголемото холандско дерби, дуелот меѓу Феенорд и Ајакс викендов е дел од понудата за типување на Спортска прогноза. Ривалитетот на овие два клуба трае речиси еден век, а популарното холандско „Класико“ в недела ќе има нова епизода.

Досега Феенорд и Ајакс имаат одиграно 190 мечеви, а Ајакс е многу поуспешен. Тимот од Амстердам има 85 победи, додека Феенорд се радувал 58 пати. Иако традицијата не е на страната на Феенорд, тимот од Ротердам ќе ја има подддршката од домашната публика.

По 18 одиграни меча сезонава во првенството на Холандија, Ајакс е на второто место со 47 бодови, два помалку од лидерот ПСВ Ајндховен. Феенорд е на третото место, но со двоцифрено заостанување бидејќи досега освои 36 бодови. На последните седум „Класика“, Ајакс се радувал петпати, а два дуели завршиле нерешено. Феенорд последен пат победил во октомври 2015 година, и тоа минимално со 1-0.

Освен дербито во холандското првенство, на понудата на Спортска прогноза има уште 12 интересни парови. Доколку успеете да ги погодите сите 13 мечеви кои се понудени, ќе освоите мобилен телефон iPhone XS. За еден утнат пар се добива мобилен телефон Samsung Galaxy A6.

Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од обложувалниците на Sport Life.

ИГРАЈТЕ И ЗА ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

Од минатото коло започна и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.

1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести