Играјте Спортска прогноза за „ајфон12“ денеска до 16 часот

Четвртата сезона на Спортска прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life влегува во самиот финиш и треба да се искористи шансата во 34. коло да се стаса до прекрасниот „ајфон12“ што е супер награда за погодени 13 пара.

Време за да се одигра 34. коло се уште има, а последниот рок е денеска до 16 часот, кога ќе почнат двата дуели од Премиерлигата меѓу Брентфорд и Саутемптон и Барнли со Астон Вила.

Шлаг на денот е последниот меч денеска што се наоѓа на менито на ова коло, а ќе играат Бетис и Барселона од 21 часот.

Утре се игра дербито на Мадрид меѓу Атлетико и Реал, а има уште многу интересни двојки на популарната Тринаесетка што се вистински предизвик да се одигра 34. коло и да се тргне во атак на „ајфонот“.

Во играта што е бесплатна и забавна се наградуваат и утките, па со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари што може да се одигра во Sport Life.

Со 11 погодоци ви следува ваучер од 500 денари, а во финиот на сезоната мошне важно е да се погодуваат и резервните парови, кои носат поени во битката за шампионската титула во Генерален пласман.

Новиот шпампион на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а награди има за најдбрите во Топ-5.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести